Кошарка

Светскиот шампион Германија го совлада Бразил и се пласира во 1/4 финале

Светскиот шампион Германија го совлада Бразил и се пласира во 1/4 финале

Актуелниот светски кошаркарски шампион првак Германија, го совлада амбициозниот тим на Бразил со 86-73 во 2. коло од групата на Олимписките Игри во Париз.

Ова беше втор триумф за Германија, додека Бразил го запиша и вториот пораз откако загуби во првото коло и од Франција, па против Јапонија ќе се бори за биде една од најдобрите третопласирани селекции и да остане во трка за пласман во следната фаза.

Најефикасен беше Шредер кој постигна 20 поени, додека кај Бразил Бените постигна 17. Германија сега ја очекува дерби дуел со Франција за првото место каде и двете селекции немаат пораз.

To top