Кошарка

Србија со победа против Германија jа освои бронзата на Олимписките игри

Србија со победа против Германија jа освои бронзата на Олимписките игри

Српските кошаркари ја освоија бронзата на Олимписките игри во Париз. Во мечот за третото место Србите ги совладаа Германците со резултат 93:83.

Успехот на Никола Јокиќ беше 19 поени, 12 скока и 11 асистенции. Србија на тој начин и возврати на Германија за поразот во финалето на минатогодишното Светско првенство во Манила кога Германците го освоија златото.

Тогаш Јокиќ не играше за Србија, но овој пат Србите предводени од најдобриот кошаркар на денешницата постигнаа нов успех.

Ова е дури 13. медал од големите натпреварувања за српската репрезентација, со што се потврди статусот на кошаркарска велесила.

To top