Кошарка

Серж Ибака се враќа во Реал Мадрид

Серж Ибака се враќа во Реал Мадрид

Серж Ибака по една сезона заминува од редовите на Баерн, потврди клубот од Минхен.

Според информациите  се очекува овој кошаркар да стане член на шпанскиот Реал Мадрид. Во својата кариера Ибака во најсилната лига на светот играше за Оклахома, Орландо, Торонто, Клиперси и Милвоки. Тој во 2019 година со Рапторси беше и шампион на НБА.

Минатата сезона во Евролигата, Ибака во просек играше по 25 минути, а имаше просек од 11,4 поени, 6,4 скока и 1,4 блока.

To top