Кошарка

САД и Србија пред ЛОИ закажаа меч во Абу Даби

САД и Србија пред ЛОИ закажаа меч во Абу Даби

Американците на својот официјален сајт го објавија планот на подготовките и дуелите кои ќе ги играат во Абу Даби и Лас Вегас.

Собирот е во Невада на 6 јули, каде ќе одиграат подготвителен натпревар со Канада, потоа ќе се упатат во Абу Даби, каде најпрво ќе се сретнат со Австралија на 15 јули, додека два дена подоцна ќе се сретнат и со Србија на „Итихад Арена“.

Тренерот Стив Кер ги има на располагање речиси најсилните имиња од НБА, па нема дилема дека американскиот „дрим тим“ ќе биде првиот фаворит за олимпиското злато во Париз, а играчите кои се одзваа на поканата на Кер се: Стеф Кари, Тајрис Халибартон, Џру Холидеј, Ентони Едвардс, Девин Букер, Кавај Леонард, Кевин Дурант, Џејсон Тејтум, Ентони Дејвис, Леброн Џејмс, Бам Адебајо и Џоел Ембиид.

To top