Кошарка

Познати се паровите за четвртфиналето во АБА лигата

Познати се паровите за четвртфиналето во АБА лигата

Кошаркарите на Партизан издвојуваа убедлива победа над Задар од 113:74 во последниот натпревар од регуларниот дел во АБА лигата.

Домашниот тим го надигра противникот во сите четвртини со тоа што за издвојување се вториот и последниот период во кој избраниците на Обрадовиќ постигнаа 69 поени што доволно говори за НБА изданието што го имаа.

Шест играчи беа двоцифрени, а од нив лидер беше Аврамовиќ со 18 кошеви на кои придодаде 5 скока и 8 асистенции.

Дрежњак и Жганец со по 15 поени беа лидери кај гостите за кои нашиот Адем Мекиќ за 6 минути на паркетот забележа 1 скок и 1 асистенција.

Паровите за четвртфиналната рунда се познати и оваа фаза ќе започне во сабота со дуелот Будуќност-Задар. Останатите двојки се Црвена Звезда-Студентски Центар, Мега-Цедевита Олимпија и Партизан-Игокеа.

To top