Во првото полуфинале на машкиот кошаркарски турнир на ЛОИ во Париз ќе се сретнат Соединетите Американски Држави и Србија и овие две репрезентации силите ќе ги одмерат во четврток од 21 часот.
Истиот ден Франција ќе игра во полуфиналето против германската селекција, со тоа што натпреварот во салата Берси во Париз е закажан нешто порано, од 17:30 часот.
Финалето и натпреварот за третото место се игра во сабота на 10 август. Финалето од 21:30 часот, додека мечот за бронза во 11:00 часот.