Селекторот Светислав Пешиќ го анализираше поразот, но и спортски им честита на Американците.
„Горд сум на тоа како одигравме, особено по натпреварот со Австралија, каде се вративме од -24 до победа. Тоа чинеше многу загубена сила и енергија. Ја видовте менталната сила на оваа репрезентација. Да дојдете на една или две топки да ја одлучат победата против Американците е подвиг.
Видовте дека Милутинов два дена имаше температура и пак играше. Исто и со отсуството на Јовиќ се намали ротацијата“, рече Пешиќ.