Кошарка

ОИ: Канада подобра од Австрлија

ОИ: Канада подобра од Австрлија

Кошаркарската репрезентација на Канада ја забележа втората победа во силната група Б од ОИ во Париз откако по голема борба ја совлада Австралија со 93-83.

„Кенгурите“ беа подобар противник во првото полувреме, на одмор имаа водство од четири поени, но канадската одбрана во пресудните моменти беше клучен фактор.

Берет со 24 поени и 7 скокови беше клучна фигура во победничката репрезентација, Гилџус-Александер стигна до 16 поени. Најефикасни во таборот на Австралија беа Гиди со 19 поени и Лендејл со дабл-дабл од 16 поени и 12 скокови.

Канада е првопласирана во групата Б со максимални 2-0, по една победа и еден пораз имаат Австралија и Шпанија, додека Грција е без триумф во првите две рунди. Во последното коло ќе се сретнат Канада – Шпанија и Австралија – Грција.

To top