Репрезентацијата на Канада славеше над Грција со 86:79 во последната средба од првото коло на машкиот кошаркарскиот турнир на Летните Олимписки Игри.
Канада го доби првиот дел со 48:38, Грците по паузата заиграа на повисоко ниво, се вратија во игра, ама немаа сили за комплетен пресврт.
Берет со 23 поени беше прв стрелец кај победникот, додека на другата страна Адетокумбо реализираше 34 поени со 5 скока.