Француските кошаркари со победа го отворија олимпискиот турнир. 27.000 гледачи на стадионот „Пјер Моруа“ во Лил видоа одлична втора и трета четвртина и заслужена победа против Бразил со 78-66.
Овој прв дуел од групата Б е прекин на серијата порази, бидејќи Французите во пријателските натпревари пред олимпискиот турнир загубија четири натпревари по ред.
Најефикасни во францускиот тим беа Вембањама и Батум со по 19 поени, а кај Бразил се истакна Лео Меиндл со 14 поени. Во второто коло следната недела Германија се среќава со Бразил, домаќинот Франција за ривал ја има Јапонија.