Пред третиот натпревар во Барселона, на кој победија мадриѓаните со 95:92, тренерот на Каталонците, Роџер Гримау, реши да исфрли од тимот еден од најдобрите поединци, Никола Калиниќ и, по натпреварот, објасни зошто го направил тоа.
– Така мораше да биде. Го сакав Паули во тимот. Сезоната заврши, ние сме елиминирани. Направивме голем напор, но не успеавме. Тешко е, постигнаа многу поени, доаѓаа до лесни поени. Сè што направивме, направивме лошо, и тие нè казнија – објасни Гримау.
И генералниот директор на Каталонците, Хуан Карлос Наваро, коментираше за ситуацијата со Калиниќ.
-Мораме да направиме промени, бидејќи не ги постигнавме целите. Мораме да размислиме и да разговараме со него. Не беше сè поради тренерот, без сомнение. Некои играчи не беа на висина на задачата, а и ние. Тој веќе некое време не е добар на теренот, верувавме дека тоа е она што треба да го направиме, сакавме да го имаме Ориол Паули во тимот – вели Наваро.