Европската куќа на кошарката ФИБА по крајот на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија во Скопје ги прогласи најдобрите кошаркари.
Двајца доаѓаат од Македонија, тоа се Никола Јаничиќ и Марко Луканоски, додека уште двајца има од финалистот Австрија, како и еден кошаркар од Бугарија.
- „Ол-стар“ тимот на ЕП Б-дивизија
Бугарија – Александар Гавалјугов
Австрија – Имран Суљановиќ
Македонија – Никола Јаничиќ
Македонија – Марко Луканоски
Австрија – Фин Шот
За МВП на турнирот во Скопје е прогласен капитенот на Македонија, Никола Јаничиќ.