Кошарка

НБА ѕвезда заврши зад решетки

НБА ѕвезда заврши зад решетки

Двократниот НБА шампион, Раџон Рондо бил уапсен во неделата, кај поранешниот кошаркар на Бостон и ЛА Лејкерс била пронајдена дрога и оружје.

Раџон Рондо повторно се најде во проблеми со законот, поранешниот кошаркар на Бостон и ЛА Лејкерс, во неделата бил уапсен во Индијана.

Во прв момент бил сопрен поради сообраќаен прекршок, а откако полицаецот почувствувал мирс на марихуана, бил направен претрес на автомобилот при што биле пронајдени пиштол, марихуана и прибор за дрога.

Раџон Рондо завршил зад решетки, но веднаш бил пуштен на слобода со кауција.

Во 2022 година, Раџон Рондо се најде во таблоидите за слични причини, откако неговата жена го обвини дека и се заканувал со пиштол, и таа се плашела за нејзината и безбедноста на нејзините деца.

Раџон Рондо е легенда на Бостон, одигра 16 сезони во НБА, последен пат во дресот на ЛА Лејкерс и Кливленд во сезоната 2021/22. Освои две шампионски титули, и четири пати беше дел од Ол-стар натпреварите.

To top