Кошарка победа на македонскиот шампион

МЗТ Скопје со победа го заврши турнирот во Златибор

МЗТ Скопје со победа го заврши турнирот во Златибор

Македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје издвојува победа над Борац Бања Лука од 67:61 во последниот меч од вториот турнир во АБА2 лигата што се играше во Златибор.

Составот од Аеродром покажа осцилации во играта на овој натпревар, имаше добри и лоши моменти, минути, периоди, ама тоа севкупно се покажа како доволно за трето славје во петтото коло.

Пет играчи на МЗТ беа двоцифрени, Војдан беше прв стрелец со 15 поени, Танасковиќ уфрли 14, Баковиќ 12, Дамјан Стојановски 10, а Ворку имаше дабл-дабл од 10 поени и 10 скокови, плус 5 асистенции.

Кај поразените Шешлија и Вест искомбинираа 30 кошеви.

 

To top