Вести

Победа за МЗТ Скопје против ТФТ

Победа за МЗТ Скопје против ТФТ

Актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје им се врати на победите и денеска без поголеми проблеми славеше против ТФТ со 78:56.

Од самиот почетокот домаќинот знаеше што сакаше и не остави шанса ТФТ да се надева на некакво изненадување. Овој триумф за МЗТ во 19. коло беше 15. сезонава во Првата лига.

Најефикасен во редовите на победничкио тим беше Марко Баковиќ со 15 постигнати поени, додека по 13 постигнаа браќата Војдан и Дамјан. За ТФТ Ташковски и Ифеџех уфрлија по 15 поени.

 

Најнови вести од Вести

To top