Кошарка како во старите добри времиња

Милош Теодосиќ МВП на последното коло во Евролигата

Милош Теодосиќ МВП на последното коло во Евролигата

Црвена ѕвезда како гостин во белградската арена „Александар Николиќ“ го совлада Макаби со 98-92, а Теодосиќ го одигра еден од своите најдобри натпревари во долгогодишната кариера.

Теодосиќ собра вкупно 40 индексни поени, што е клупски рекорд и втор најдобар индекс оваа сезона во Евролигата.

На дуелот против израелскиот тим постигна 27 поени, додавајќи 14 асистенции, два скока и две украдени топки.

За Теодосиќ ова е шеста награда МВП на колото во Евролигата, а прва од ноември 2016 година.

To top