Кошарка

Кер: Србија играше совршено со нас

Кер: Србија играше совршено со нас

Американскиот селектор Стив Кер со комплименти ги  опиша српските кошаркари по дуелот во „Париз Берси“ со САД.

„Кажав дека ова ќе биде најтешкиот натпревар на турнирот и беше токму онака како што очекував. Србија е одлична репрезентација, многу добро се менаџирани и никогаш не е лесно да се победи ист тим по третпат. Ги победивме двапати и ниту еден од тие два натпревари не беше конкурентен. Мразам такви натпревари.

Мислам дека Србија одигра совршен натпревар. Погодија многу шутеви, Аврамовиќ постигна четири тројки во првото полувреме. Тоа не го очекувавме. Ова е еден од најдобрите кошаркарски натпревари во мојот живот и секогаш ми е жал за тимот што губи во вакви случаи. Очигледно дека сум многу среќен што победивме, но видов некои српски играчи како плачат на теренот по натпреварот и навистина ми е жал за нив, бидејќи играа убава кошарка“, рече Стив Кер.

To top