Кошарка

Јокиќ и Дончиќ во „првата петорка“ на сезоната во НБА лигата

Јокиќ и Дончиќ во „првата петорка“ на сезоната во НБА лигата

Никола Јокиќ и ѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ се најдоа во идеалниот тим на сезоната во НБА лигата, со што добија уште едно индивидуално признание. Јокиќ пред неколку седмици беше избран и за најкорисен кошаркар во најсилната лига на светот.

Покрај нив „дрим тимот“ на сезоната во НБА го сочинуваат уште, Јанис Адетокумбо (Милвоки), Шај Гилџес Александар (Оклахома) и Џејсон Тејтум (Бостон).

Јокиќ по четврти пат во кариерата успеа да се најде во првата петорка на НБА лигата. Во идеалниот тим првпат беше во 2019 година, потоа во 2021 и 2022 година.

Денвер Нагетс неодамна беше елиминиран од НБА плеј-офот по серијата натпревари против Минесота Тимбервулфс, додека Далас на Дончиќ поведе со 1-0 во финалната серија против Минесота.

 

To top