Никола Јокиќ од Денвер, Лука Дончиќ од Далас и Шеј Гилџес – Александер од Оклахома официјално се тројцата кандидати за наградата најкорисен играч (МВП) оваа сезона во НБА лигата,
Доколку Јокиќ ја освои наградата ќе стане деветтиот кошаркар во историјата на НБА со три или повеќе МВП признанија и ќе им се приклучи на Карим Абдул Џабар (шест), Мајкл Џордан и Бил Расел (пет), Вилт Чембрлен и Леброн Џејмс (четири), Мозес Мелоун, Лари Бирд и Меџик Џонсон (три).
Од друга страна, Дончиќ и Гилџес – Александер по прв пат во кариерите би го освоиле признанието МВП.
Кошаркарот на Сан Антонио, Виктор Вембанјама, минатогодишниот прв избор на драфтот, е најголем фаворит за наградата дебитант на сезоната, во конкуренција на Чет Холгрем од Оклахома и Брендон Милер од Шарлот.