Кошарка Литванецот доби нова шанса

Итудис доби отказ од Фенербахче, Јасекевичиус нов тренер

Итудис доби отказ од Фенербахче, Јасекевичиус нов тренер

Легендарниот Шарунас Јасикевичиус е нов тренер на истанбулскиот гигант, Фенербахче, јавија турските и грчките медиуми. 47-годишниот Литванец доаѓа во Турција и веднаш го менува Димитрис Итудис, кој денес заработи отказ од управата.

Грчкиот стратег беше доведен со цел да се нападне самиот врв во Евролигата, но резултатите говоера нешто сосема спротивно и Фенер реши да му врачи отказ.

Шарунас Јасикевичиус доаѓа во Истанбул по тригодишниот престој во Барселона и ова за него ќе биде прв ангажман во Турција.

To top