Репрезентацијата на Италија го обезбеди своето место во нокаут фазата на Еуробаскетот со голема и драматична победа над вечниот ривал Шпанија со резултат од 67:63.
Мухамет Диуф блескаше со 14 поени и 8 скокови за само 19 минути, а Салиу Нианг исто така одигра одлично со дабл-дабл (10 поени, 10 скокови), иако повредата го извади од игра во завршницата. Кај Шпанија најефикасен беше Салихо Аладама со 19 поени, 10 скокови и 4 асистенции, додека Серхио де Лареа додаде 15 поени.
Шпанците, пак, ќе жалат за многу промашени слободни фрлања (само 13/22, или учинок од 59%), како и за слабата реализација од поле (32%).
Италија мирно ќе влезе во последниот меч против домаќинот Кипар, додека за актуелниот шампион Шпанија следи клучен дуел со Грција – меч кој може да реши дали воопшто ќе ја видиме “црвената фурија” во нокаут фазата.