Кошаркарската репрезентација на Грција се пласираше во четвртфиналето на Евробаскетот, откако слави во дуелот со Израел со (84-79).
За разлика од останатите фаворити, Грците не си дозволија изненадување и во „Шаоми Арената“ во Рига си ја исполнија задачата пласирајќи се меѓу осумте најдобри.
Јанис Адетокумбо беше инспиратор на оваа победа, го заврши мечот со 37 поени и фати десет скока, а кај Израелците се истакна Авдија со 23.