Кошаркарите на Германија ја добија огромната драма против Турција со (83-88) и го освоија трофејот на Европското првенство.
Финалето во „Арена Рига“ во Летонија понуди неверојатна борба, сè беше отворено до последните секунди, а Германците за вторпат во историјата го освоија континенталното злато. Со тоа ги обединија трофеите на Мундобаскетот и Евробаскетот.
Прво име во победата на Германците беше Исак Бонга со 20 поени, 18 уфрли Франц Вагнер, а Денис Шрудер 16 од кои дел во клучните моменти. Во турскиот табор најдобар беше Алперен Шенгун со 28 поени, додека 23 реализира Чедо Осман.