Женската кошаркарска репрезентација на Франција е вториот учесник во финалето на Летните Oлимписки Игри во Париз во женска конкуренција, откако по продолженија успеа да ја надигра Белгија со 81-75 (66-66).
Во репризата од полуфиналето од последното Европско првенство двете селекции одиграа крајно возбудлив и неизвесен натпревар, полн со многу пресврти и победа на домашните кошаркарки, вредна битка за златниот медал.
Франција до победата ја предводеше Габи Вилијамс со 18 поени, 17 постигна Валеријан Ајаја, 15 крај своето име запиша Илијана Рипер, а Жанел Салон постигна 10 поени. Ема Месерман беше најдобра кај Белгија со 19 поени.