Кошаркарската репрезентација на Франција ќе биде противникот на Германија во полуфиналето на Летните олимписки игри во Париз, откако во драматично четвртфинале славеше голема победа над Канада со 82-73.
Јабуселе со 22 и Кордине со 20 поени беа најпрецизни во таборот на Франција, а одлични беа и Форние и Лесор со по 13. Гилџес-Александер броеше до 25, додека Мареј застана на само седум поени.