Парични казни во вкупен износ од 87.000 евра им изрече денеска кошаркарската Евролига на белградските ривали Партизан и Црвена Звезда за инцидентите на натпреварот од 15. коло во елитното натпреварување.
Во натпреварот, одигран на 12 декември, Партизан ја победи Црвена Звезда со 79:76, а Евролигата објави дека „црно-белите“ се казнети со 59.000 евра, а „црвено-белите“ со 28.000 евра.
Партизан е казнет затоа што, меѓу другото, навивачите користеле ласери, фрлале предмети на теренот, палеле факели, како и за неспортско скандирање.
Црвена ѕвезда, пак, ќе мора да плати 28.000 евра затоа што нејзините навивачи развиориле знаме над семафорот во белградската Арена, скандирале несоодветно и фрлале факели на теренот по натпреварот, што барало реакција на обезбедувањето и пожарникарите.