Кошаркарската репрезентација на Грција славеше над Италија со 75-66 во дербито на денот на групната фаза, на Европското првенство во кошарка.
Адетокумбо на теренот мина скоро 30 минути, за кои даде 31 поен со уште седум скока и беше единствен играч со двоцифрен учинок кај Грците. Го следеше Костас Слукас со девет поени, а исто толку даде и Митоглу.
Кај Италија, Николо Мели постигна 15 поени, пред Салиу Нианг кој заврши со 11 поени.