Кошарка

Бостон поведе со 2-0 против Индијана во финалето на Истокот (ВИДЕО)

Бостон поведе со 2-0 против Индијана во финалето на Истокот (ВИДЕО)

Бостон поведе со 2-0 во серијата подобар до четири против Индијана во финалето на Источната конференција во НБА лигата, благодарение пред се на Џејлин Браун кој повторно имаше доминантна улога и на синоќешниот втор натпревар.

Домашните победија со 126-110 во меч во кој пресуди вториот период, под силна мотивација на Браун кој го заврши натпреварот со 40 поени, уште еднаш издвојувајќи се како најдобар поединец на паркетот. Во третиот период Тајрон Халибартон обнови стара повреда и мораше да замине во соблекувалната.

Тејтум и Вајт дополнија со по 23 поени кај Селтикс, додека кај Индијана најефикасен беше Сиакам со 28 поени. Халибартон принудно го напушти теренот во моментот со 10 поени и 8 скокови зад своето име.

To top