Кошарка

Американците со вистинки дрим-тим на ЛОИ

Американците со вистинки дрим-тим на ЛОИ

Кошаркарската федерација на САД го објави поширокиот список на играчи за Олимписките игри во Париз.

На него има 41 кошаркар, од нив треба да се извојат финалните, но од имињата кои се наоѓаат на листата застанува здивот.

Тука се сите големи американски ѕвезди од НБА лигата, од Леброн Џејмс, преку Кевин Дурант, Ентони Дејвис, Џејмс Харден, Кавај Ленард, Крис Пол, Тре Јанг, Стеф Кари, Жоел Ембид, до Џејсон Тејтум, Пол Џорџ, Џими Батлер.

Списокот ќе биде скратен во април, а оние 12 кои ќе настапат на Олимписките игри во Париз ќе се знаат по завршувањето на сезоната во НБА лигата

To top