Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ ќе остане во Реал Мадрид уште една година, откако го продолжи договорот до јуни 2025.
Неговиот потег го коментираше и поранешниот фудбалер и директор на „кралевите“, Предраг Мијатовиќ.
„Минатото лето имаше понуди од други тимови, но реши да остане. Психички се подготви дека повеќе не е играч за прв состав. Не знам дали планира да игра на Мундијалот во 2026 година, но сметам дека е време да замине во заслужена пензија“, кажа Мијатовиќ.