Шпанските медиуми неодамна објавија дека Винисиус доби понуда од Саудиска Арабија и размислува за разделба од Реал Мадрид, но на крајот Бразилецот ја отфрлил таа опција и дефинитивно и сезонава ќе настапува за актуелниот шпански и европски шампион.
„ЕСПН“ тврди дека Винисиус не ја затворил вратата за богатата понуда од Азија, туку само ја одложил одлуката до следното лето, кога повторно ќе размислува дали да стане најплатен играч во светот.
Винисиус не сака да ја напушти Европа поради тоа што смета дека има шанси да ја освои „Златната топка“ и тоа било главната причина што барем уште една сезона сигурно ќе биде дел од составот на Реал Мадрид.
Реал никогаш не добил конкретна понуда за фудбалерот кој има откупна клаузула од 1 милијарда евра, но затоа Винисиус добил ветување за плата од неверојатни 350 милиони долари по сезона.