Фудбал ЛШ

ВИДЕО: Зошто беше поништен голот на Алварес во пенал рулетот против Реал?

Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа го елиминираа Атлетико во осминафиналето на Лигата на шампионите по подобро изведување на пенали, а голема полемика настана откако судијата Шимон Марчињак го поништи голот на Хулиан Алварес во втората серија.

Алварес го матираше Тибо Куртоа израмнувајќи на 2:2 во пенал рулетот, а потоа од ВАР собата го контактираа Марчињак кој на крај го поништи голот, овозможувајќи му на Федерико Валверде веднаш да го доведе Реал во предност од 3:2.

Многу гледачи на телевизиските екрани, но и сите на стадионот останаа зачудени зошто Полјакот го поништи голот на Алварес, кој на прв поглед изгледаше сосем регуларен.

Имено, Аргентинецот додека шутираше ја допре топката со двете нозе. Поточно, шутираше со десната нога, а топката му го фати врвот на левата копачка.

Иако контактот беше незабележлив за очи, беше виден во забавена снимка во ВАР просторијата, а Томаш Квиатковски му сугерираше на Марчињак да го поништи, па тој на крај постапи според правилата и го прогласи голот за неважечки.

Реал на крајот победи со 4:2 на пенали откако покрај Алварес промаши и Маркос Љоренте, чиј удар завреши во пречката, па се пласираше во четвртфиналето, каде за противник ќе го има Арсенал.

To top