На „Сантијаго Бернабеу“ се одигра спектакуларен реванш од полуфиналето во Купот на Кралот помеѓу Реал Мадрид и Реал Сосиедад (4-4). Реал Мадрид го доби првиот натпревар на гости со 0-1, а тимот од Баскија славеше минимално на гостувањето во Мадрид (3-4), по што дуелот на „Бернабеу“ влезе во продолженија.
Во дополнителните триесет минути Антонио Рудигер погоди во 115. минута за ерупција од ентузијазам на трибините и лудо славје на некогаш најдобриот тенисер на светот Рафаел Надал. „Бикот од Мајорка“ е голем фан на „кралевите“ и секое слободно време го користи за следење на натпреварите на момците на Карло Анчелоти.
Rafa Nadal celebrating Rüdiger’s goal.
Madridista. pic.twitter.com/1i1N0QOsPN
— TC (@totalcristiano) April 1, 2025
Реал Мадрид на тој начин стигна до финалето на Купот, каде ќе се соочи со победникот од двомечот меѓу Атлетико и Барселона. Реваншот се игра вечерва во Мадрид, а првиот натпревар во Барселона заврши 4-4.