На Диого Жота му беше оддадена почит на церемонијата за доделување на Златната топка во Париз, а на овој настан беше присутна и неговата сопруга Руте Кардосо.
Нејзиното доаѓање е воедно и нејзино прво јавно појавување по смртта на Диого. Во таа пригода, Руте носеше тесен бел фустан со сребрени детали и бела наметка.
Сиграчите на Диого, Вирџил ван Дајк и Алисон Бекер, беа особено емотивни за време на оддавањето почит на овој фудбалер.
„Ова лето, фудбалското семејство беше во шок кога дознавме за смртта на Диого Жота, кој го загуби животот, како и на неговиот брат Андре Силва“, рече Кејт Скот, која ја водеше церемонијата со Руд Гулит.
Гулит додаде: „Жота беше омилен на навивачите кој даде сè за својот клуб, беше сакан и од соиграчите и од навивачите“, рече тој.
За време на доделувањето на Златната топка синоќа, беше прикажано видео од некои од најдобрите фудбалски моменти на Диого Жота.
This is more than football.
A tribute to Diogo Jota ❤️ pic.twitter.com/vVmsqJkbul
— Ballon d’Or (@ballondor) September 22, 2025
„Знаеме дека неговото семејство е тука со нас вечерва, па затоа само сакаме да кажеме дека ни е многу жал за вашата загуба“, рече водителот Скот.
Љубовна приказна на Диого и Рута започна уште во нивните средношколски денови. Двојката се венча на 22 јуни оваа година, само 11 дена пред трагичната несреќа во која загина фудбалерот. Во текот на нивниот заеднички живот, парот имаше три деца.