Полицијата во Франкфурт отвори истрага по објавувањето на видеото на кое се гледа како стјуардите тепаат навивач на натпреварот Португалија – Словенија во осминафиналето на Евро 2024 година.
– Свесни сме за видеото и истражуваме случај на нанесена телесна повреда, изјави за „Ројтерс“ портпаролот на полицијата во Франкфурт, Бинто Лонда.
Претходно УЕФА ги осуди стјуардите кои го претепаа навивачот.
Инцидентот се случи откако беше досуден пенал против Словенија во судиското продолжение. Неколку службеници за спроведување на законот го држеа мажот и го удирале со клоци и тупаници во близина на влезот на трибината.
A fan beaten up by security at Frankfurt Arena during the Portugal x Slovenia Euro 2024 knock out match. pic.twitter.com/T6ALlto9C9
— Kyama (@ElijahKyama_) July 3, 2024