Фудбал Инцидент

ВИДЕО: Нападнат судија во Перу, се одбрани со кунг-фу потег

Судијата реагираше со удар за да се одбрани, а ситуацијата брзо беше смирена од безбедносните службеници кои спречија понатамошен хаос.

ВИДЕО: Нападнат судија во Перу, се одбрани со кунг-фу потег

Фудбалски натпревар во Перу неочекувано беше прекинат во саботата на 29 март, откако судијата мораше да преземе физичка акција за да се одбрани од напаѓачите за време на натпреварот од Копа Перу.

Инцидентот се случил во крајбрежниот град Касма, во регионот Анкаш, за време на натпревар помеѓу екипите Спорт Хуакила и Магдалена во рамките на окружната лига Касма.

Според тамошните медиуми, судијата Луис Алегре бил на метана напад откако исфрлил играч на Магдалена. Во тој момент на теренот влета маж држејќи пластично шише со кое се обиде да го нападне.

Судијата реагираше со удар за да се одбрани, а ситуацијата брзо беше смирена од безбедносните службеници кои спречија понатамошен хаос.

Натпреварот веднаш по инцидентот беше прекинат и не се одигра.

To top