Фудбал

Веќе се знае наследникот на Анчелоти во Реал Мадрид

Веќе се знае наследникот на Анчелоти во Реал Мадрид

Актуелниот тренер на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, во својот договор со германскиот тим има специјална клаузула доколку пристигне понуда од Реал Мадрид, објавија германските медиуми.

Клаузулата во случај на вратата на Баер да тропнат претставници на Реал Мадрид, изнесува меѓу 15 и 18 милиони евра, а за сите останати екипи не постои никаква клаузула и тие би морале да преговараат со челниците на германскиот тим.

Според медиумите, токму специјалната клаузула во договорот кој Алонсо го потпиша летово, е уште еден доказ дека Шпанецот ќе биде наследник на Карло Анчелоти кој на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Реал Мадрид.

foto: fcbaerleverkuzen

To top