Фудбал

Вејн Руни доби отказ на последниот ден од годината

Вејн Руни доби отказ на последниот ден од годината

Вејн Руни на последниот ден од годината доби отказ на клупата на Плимут.

Клубот под водство на Руни имаше катастрофални резултати и тимот се наоѓа на последното место на табелата, па така разделбата и не е нешто неочекувано.

„Сакаме да му се заблагодариме на Вејн за неговото залагање и да му посакаме среќа во иднина“, објави Плимут.

Заедно со Руни си заминува и неговиот асистент Мајк Филан. Руни го водеше тимот на 23 натпревари, на кои освои 18 бода.

To top