Фудбал

Руни: Наивно е Аморим да дава такви изјави

Руни: Наивно е Аморим да дава такви изјави

Манчестер Јунајтед доживеа уште едно разочарување со елиминацијата во ФА купот, што за тимот на Рубен Аморим значи уште една загубена опција за продолжување на битката за освојување трофеј сезонава.

За овој дел од изјавата заработи замерка од клупската легенда Вејн Руни.

– Мислам дека Аморим ќе добие потребно време, навистина не е лесно да дојдете среде сезона, но тој мора да размислува за иднината. Зборува за освојување на Премиер лигата, но мислам дека треба да се фокусира за подобрување на актуелната позиција на табелата.

– Не сум сигурен дека ќе добие толку многу време за да го одведе тимот до трофеј. Малку е наивно да изјавува дека целта е да ја освои Премиер лигата, бидејќи од актуелната ситуација тоа подразбира навистина долг пат, – рекол Руни.

To top