Фудбал трансфер

Варан прави изненадувачки трансфер во јануари?

Стоперот на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан нема ништо против враќање во Реал Мадрид во јануари, пренесуваат англиските и шпанските медиуми.

Варан прави изненадувачки трансфер во јануари?

Стоперот на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан нема ништо против враќање во Реал Мадрид во јануари, пренесуваат англиските и шпанските медиуми.

Реал Мадрид во текот на јануари мора да донесе еден стопер бидејќи за Едер Милитао и Давид Алаба поради повреда заврши сезоната.

Антонио Рудигер и Начо Фернандез не би можеле дај а извлечат ццелата сезона, па Реал е во потрага по решение. Во таква ситуација Варан изгледа како одлично решение.

Французинот цели 11 години помина во Реал Мадрид и помина фантастични години, освои три титули во Лигата на шампионите и беше еден од клучните фудбалери во тимот на Зидан.

Договорот на Варан со Манчестер Јунајтед е до крајот на летото, Јунајтед има опција да му го продолжи до јуни 2025, меѓутоа фудбалерот сака да се врати во Мадрид.

Останува да видиме дали Јунајтед ќе ја искористи опцијата за продолжување на договорот или ќе ја прифати понудата од Реал Мадрид. Некакви потенцијални суми засега не се споменуваат.

To top