Фудбал ЛШ

Валверде по хет-трикот со Сити: Секој сонува за ваков натпревар

Фудбалерот на Реал Мадрид, Ферико Валверде, го предводеше својот тим до убедлив триумф над Манчестер сити.

Валверде по хет-трикот со Сити: Секој сонува за ваков натпревар

Фудбалерот на Реал Мадрид, Ферико Валверде, го предводеше својот тим до убедлив триумф над Манчестер сити.

Уругваецот синоќа во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите ги постигна трите гола во победата со 3:0.

– Беше неверојатно. Секој сонува за ваков натпревар. Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи, кои играа толку сигурно зад мене, давајќи ми сила, мотивација и самодоверба. Исто така, сакам да им се заблагодарам на тимот, кој нè водеше низ сезоната.
Токму тоа ме замоли тренерот да го направам. Да напредувам, да напаѓам и да се најдам во опасни ситуации. Денес имавме повеќе играчи во областите каде што се обидуваме да ја контролираме топката, а тоа ми даде поголема слобода во нападот. А момците направија неколку брилијантни додавања, изјави Валверде за веб-страницата на УЕФА.

Реванш натпреварот ќе се одржи на 17 март, во Англија.

To top