Фудбал

Уругвај трет на Копа Америка, Суарез спасител во последен момент (ВИДЕО)

Уругвај трет на Копа Америка, Суарез спасител во последен момент (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Уругвај го освои третото место на Копа Америка, откако во драматичен меч, дури по подобро изведување на пенали ја победи Канада.

Во регуларниот дел резултатот беше 2:2, а потоа веднаш се шутираа пенали во кои Уругвајците беа безгрешни, додека фудбалерите на Канада промашија два пати, за да на крајот резултатот беше 4:3 за Уругвај.

Фаворитот Уругвај добро започна и поведе со погодоот на Бентакур, но Канаѓаните брзо се вратија во игра со погодокот на Коне во 22 минута. Резултатот не се менуваше се до 80 минута, кога Давид погоди за изненадувачко водство на Канада од 2:1.

Но тогаш како спасител на Уругвај се јави Луис Суарез и со погодок во 90+2 минута израмни на 2:2, со што го одведе дуелот на пенали.

To top