Хрватскиот шампион Динамо Загреб, ќе се обиде во „домашна атмосфера“ да обезбеди подобар резултат во првиот меч од 1/8 финалето во Лигата на Конференции против солунски ПАОК.
УЕФА донесе одлука со која забранува да има грчки навивачи на трибините на „Максимир“.
Ваков епилог и можеше да се предвиде, со оглед на случувањата во Атина, на натпреварот помеѓу АЕК и Динамо, во квалификациите во Лигата на шампионите оваа сезона, кога загина Михалис Кацурис, навивач на АЕК.
Згора на тоа овие два клуба имаат историја на инциденти на меѓусебните натпревари. Единствениот меѓусебен дуел бил во 2010 година, кога неколку хулигани го каменуваа автобусот во кој беа ВИП гости на ПАОК. Ги искршија прозорците и во автобусот фрлија факели, по што дојде до пожар.
Динамо до крајот на сезоната во Европа ќе игра без навивачи, казна која беше изречена после инцидентите со АЕК, така што ниту хрватскиот клуб ќе ја нема поддршката на реваншот во Солун.