Фудбал

УЕФА со силна казна: Луис Дијаз суспендиран три меча во ЛШ

УЕФА со силна казна: Луис Дијаз суспендиран три меча во ЛШ

Баерн Минхен доби сериозен удар во најлош можен момент: Луис Дијаз е суспендиран три натпревари во Лигата на шампионите поради црвениот картон што го доби против ПСЖ.

Колумбиецот, кој тогаш блескаше со два гола во победата од 2:1, беше исклучен по остриот дуел со Ахраф Хакими во финишот на првото полувреме, дуел што заврши со повреда на зглобните лигаменти на Мароканецот.

УЕФА го оцени стартот како „сериозна груба игра“ и одреди суспензија што ќе го извади Дијаз од акција за дуелите со Арсенал, Спортинг и Унион Сен-Гилоаз.

Тоа значи дека крилото ќе може повторно да игра во ЛШ дури на 28 јануари следната година, на гостувањето кај ПСВ Ајндховен во последниот меч од лигашката фаза.

 

To top