Починатата легенда на германскиот фудбал Франц Бекенбауер ќе биде одликуван од УЕФА на церемонијата на отворањето на континенталното првенство во Минхен, потврди организацијата на европскиот фудбал.
Бекенбауер, еден од најголемите играчи во неговата земја, беше капитен на репрезентацијата на Западна Германија која триумфираше на Европското првенство во 1972 година и на Светското првенство две години подоцна. Ја освои и титулата светски шампион во 1990 година, но како германски тренер. Тој почина во јануари, потсетува Ројтерс.
Сеќавање на сите три германски триумфи на ЕУРО
На свеченото отворање, сопругата на Бекенбауер, Хајди, заедно со двајцата капитени на германскиот тим кој го освои ЕП – Бернард Диц и Јурген Клинсман, ќе го понесе пехарот Анри Делоне, кој му припаѓа на најдобриот европски тим.
Тоа ќе биде потсетување на сите три германски триумфи на Евро, објави УЕФА.
Европското првенство ќе биде отворено на стадионот каде Баерн Минхен ги игра домашните натпревари, клубот во кој Бекенбауер настапуваше повеќе од една деценија и три пати по ред го освојуваше Купот на европските шампиони (од 1974 до 1976 година), пренесува Хина.