Дисциплинската комисија на Европската фудбалска унија (УЕФА) го казни албанскиот клуб Игнатија 10.000 евра поради извикувањето „Убиј го Србинот“ и други дискриминаторски дејствија на квалификацискиот натпревар од Лигата на шампиони (ЛШ) против Борац од Бањалука одигран на 17 јули.
Покрај тоа, Игнатија ќе мора да игра пред празен стадион на следниот натпревар на кој треба да биде домаќин во УЕФА натпреварувањата поради неспортското однесување на своите навивачи.
Но тоа е условна казна која ќе се активира само доколку приврзаниците на овој тим направат уште еден испад во следните две години, пишува Sportclub.
The Egnatia fans sang ‘kill the Serb’ in Serbian.pic.twitter.com/wEEt8xh3Pl
— Sam Street (@samstreetwrites) July 17, 2024