Фудбал

УЕФА ја промовира новата топка за фудбалската ЛШ (ФОТО)

УЕФА ја промовира новата топка за фудбалската ЛШ (ФОТО)

Европската фудбалска федерација  УЕФА, ја промовира новата фудбалска топка со која ќе се игра во сезоната 2024/25 во Лигата на Шампионите.

Соработката со германската компанија „Адидас“ продолжува и оваа година. Топката е стандардна, со ѕвездите кои асоцираат на Лигата на шампионите кои се црни, имаат жолти детали, а логото на компанијата е во портокалова боја.

Првпат во историјата ќе се игра фудбалската Лига на шампиони под новиот формат, со лигашки дел во кој 36 екипи ќе бидат рангирани на една табела, наместо по групи. Секој клуб ќе добие осум противници, ќе игра четири меча дома и четири на гости.

Најдобрите осум на табелите одат директно во осминафинале, а екипите од 9. до 24. место ќе играат дополнителна плеј-оф фаза за пласман меѓу 16. најдобри. Извлекувањето за главната фаза е закажано за в четврток во 18:00 часот.

 

To top