Фудбал казнет судија

УЕФА ја призна грешката, казнет ВАР-судијата на мечот ПСЖ – Њукасл!

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) индиректно ја призна грешката што ја направија судиите на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Њукасл Јунајтед.

УЕФА ја призна грешката, казнет ВАР-судијата на мечот ПСЖ – Њукасл!

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) индиректно ја призна грешката што ја направија судиите на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Њукасл Јунајтед.

Гостите од Англија негодуваа поради досудениот пенал за ПСЖ во 98. минута и сметаат дека биле оштетени со таа одлука, а УЕФА индиректно ги потврди сомнежите на навивачите, затоа што денес официјално стигна казна за еден од судиите во ВАР-собата, кој го повика главниот арбитар Марчињак да ја прегледува снимката.

Истиот ВАР-судија, Томас Квијатковски, требаше да биде денес делегиран на мечот меѓу Реал Сосиедад и Салзбург, но беше експресно заменет со друг колега од Германија. Тоа доволно говори дека Полјакот добил исклучително ниска оценка за вчерашниот ангажман и најверојатно извесно време нема да биде дел од ВАР-собите ширум Европа. Сите прсти беа вперени во главниот судија Марчињак, но сепак, УЕФА го пронајде „виновникот“ за несреќниот пенал по кој Њукасл испушти огромна победа во Париз.

Натпреварот заврши со конечни 1-1 и на тој начин ПСЖ остана во игра за едно од првите две места во групата Ф, каде Борусија Дортмунд веќе обезбеди пласман во нокаут-фазата. „Светците“ од Париз имаат седум бода и во последното коло ќе им треба најмалку реми за пласман во елиминациите од Лигата на шампионите.

To top