Фудбал

Турција е последниот четвртфиналист на ЕП во Германија

Турција е последниот четвртфиналист на ЕП во Германија

Турција со 2-1 ја доби пресметката против Австрија и се пласираше помеѓу најдобрите осум селекции на ЕП.

Турците имаа фуриозен почеток на мечот, поведоа по една мешаница уште во првата минута, во шеснаесетникот на Австрија најдобро се снајде Демирал кој ја смести топката под пречката за водство од 1-0.

Австрија тргна кон брзо израмнување, имаа иницијатива, но Турците ги одбија нападите и успеаа да ја стабилизираат играта.

Австријците тргнаа уште поофанзивно во вториот дел, откако пропуштија три добри шанси, казната стигна. Во 59. минута Демирал даде уште еден гол, овојпат погоди со глава по нафрлување на Ѓулер од корнер, Турција поведе со 2-0.

Седум минути подоцна Грегорич погоди за 2-1, ја врати Австрија во игра, имаше доволно време за израмнување или пресврт, но Турција го одбрани водството и на крајот славеше пласман во четвртфинале.

To top