Tренерот на Баерн не пропушти да го посочи Ким Мин-Јаер како главен виновник за двата гола кои ги постигнат гостинот.
– Имавме многу добри воведни 15 минути, имавме многу шанси и игравме флуидно. Тие создадоа само една шанса и веднаш постигнаа гол. Потоа се вративме и повторно бевме добри во второто полувреме, а имавме и шанси за 3:1. Тие повторно се вратија и од ништо стигнаа до 2:2. Го почувствувавме Реал на своја кожа. Ова го имаат направено со многу ривали, го направија и со нас.
– Се ќе се одлучува на „Бернабеу“. Според мене и натаму останува 50-50 за пласман во финалето. Секако дека верувам во успех, тоа е тешко гостување, но исто така и голем предизвик. Го заборавме овој меч и тргнуваме од нула, мора да бидеме храбри, фокусирани и клинички добри. Сега ситуацијата е јасна за нас, потребна ни е победа за да се најдеме во финалето на „Вембли“, – изјави Тухел.